Реклама

Викенд „резервиран“ за тепачки

tepacka

Шест тепачки во кои учествувал и малолетник се случиле викендов на подрачјето на СВР Велес. Само во Велес во еден ден имало три инциденти. Се почнало во неделата еден час по полноќ, кога на крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Роса Плавева“ настанала физичка пресметка помеѓу В.С. (47) и И.С. (41), од една страна и И.Т. (23) и четири непознати лица, од друга страна.

Десетина часа подоцна М.А. (37) од Велес пријавила дека околу на улица „Ангел Мишев“ таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од С.У. (29) од Велес, а само еден час подоцна на улица „Димитар Влахов“ настанала физичка пресметка помеѓу Б.З. (42), М.А. (37), Е.Х. (20) и 15-годишен малолетник. По настанот лицата се приведени во Полициската станица Велес.

Agria

Тепачки имало и во другите градови кои ги покрива СВР Велес. Во саботата околу 16.50 часот во Демир Капија, кај место викано „Грчки мост“, Љ.Ч. (19) физички го нападнал М.Ч. (20), двајцата од Демир Капија. Истиот ден во 20.30 часот во Полициската станица Кавадарци,  И.М. (22) од Кавадарци пријавил дека околу 17.30 часот на улица „Бел Камен“ во Кавадарци бил физички нападнат од неговиот сосед Г.Т. (69). Вчера во 15 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека Д.П. (31) и П.М. (31) физички го нападнале Л.Ѓ. (32), сите од Неготино.

СВР Велес регистрираше и една сообраќајна незгода која се случи во саботата во Кавадарци, кога околу 12.30 часот на крстосницата од улиците „Киро Крстев“, „12-те Другари“ и „Калница“ се судриле автомобил „Смарт“ со кавадаречки регистарски броеви, управуван од И.А. (39) и мопед „Кивеј“ со кавадаречки регистарски броеви, управуван од Т.Н. (19) од село Ваташа, кавадаречко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот. Бил извршен увид на местото на настанот.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.