вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Бројката на заразени од Ковид 19 се зголемува – двајца новозаразени во Велес

Два нови случаи на заразени од Ковид 19 се регистрирани во Велес во последните 24 часа. Со тоа вкупната бројка на заразени достигна 123, од кои 52 се уште се активни.

Министерството за здравство соопшти дека денеска имаме 8 оздравени пациенти, 7 во Скопје и 1 во Прилеп, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19. Денеска починале двајца пациенти, жена од Куманово која имала 60 години и пациент од Струга кој имал 59 години.
Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:

Agria

Скопје-16
Тетово- 4
Струга-1
Велес- 2
Охрид- 2

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на Ковид-19 – велат од МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.