четврток, 8 декември, 2022
Реклама

Приватните лекари ги бараат заостанатите две капитации

Lili Colakova 18.05.2020

Фондот за здравство да ги изедначи матичните лекари, со оние од државното здравство, побараа денеска приватните лекари. Тие ја поздраввуваат одлуката за зголемување на платите на лекарите од инфективните клиники и итната помош, но го потсетија Министерството за здравство дека матичните лекари биле први на удар во борбата со коронавирусот. Затоа, побараа Фондот да им ги исплати двете заостанати капитации.

Претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија Лилија Чолакова Дервишова го потсети Министерството за здравство дека на граѓаните кои имаат симптоми на коронавирус, токму Министерството им сугерира прво да се јават кај својот матичен лекар и на тоа дека целиот товар на скринингот на населението во Дебар паднало на матичните лекари, кои тоа го спровеле успешно. Но, приватните лекари и понатаму се дискриминирани во однос на државните, смета Чолакова Дервишова.

Agria

Вчера Владата најави дека најизложените здравствени работници во борбата против КОВИД-19 ќе ги награди со 20% од основната плата за два месеци. Тука се вклучени докторите и медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести, инфективните одделенија, Инситутот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош. Од Фондот за здравство сеуште нема одговор на нашето прашање, дали барањата на приватните лекари ќе бидат разгледани.

Погледнете ја изјавата на Претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија Лилија Чолакова Дервишова: