УЕФА разгледува опција со „Фајнл фор“ за Лигата на шампионите

istanbul stadion
istanbul stadion

Европската куќа на фудбалот УЕФА, заедно со Европската клупска асоцијација и претставници на европските првенства, разговараат за можноста за промена на форматот на Лигата на шампионите.

Работна група на европскиот фудбалски штаб работи на опцијата со „Финална четворка“ во Истанбул, со која треба да се заврши најпрестижниот клупски турнир. По одигрувањето на преостанатите дуели од осминафиналето, постои опција да се премине кон еден натпревар на елиминации за четвртфиналето.

Agria

Ако се оди според планот и европските турнири се играат во август, играчите ќе добијат пауза во септември. Ова значи дека УЕФА ќе треба да ги одложи натпреварите од Лигата на нациите.

Во меѓувреме, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, појасни дека датумот 3 август, на кој треба да завршат националните првенства, не е официјален.

Тој објасни дека се препорачува, но не задолжително.

Извор: libertas.mk

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: