Хакери ја урнале веб страница на велешката спортска сала

hakirana-stranica

Хакери ја нападнале веб страницата на велешката спортска сала Парк спорт.

Подолго време на страницата, наместо имформации за работата на спортската сала, стојат пораки напишани на турски јазик.

Agria

Се обидовме да истражиме кој стои зад луѓето кои ја нападнале страницата. Се работи за хакерска група од Турција, која дури има сопствена веб страница, на која објаснува како се хакираат незаштитени веб страници.

Од почетокот на пандемијата забранети се секакви спортски настани, па така и во спортската сала нема активности. И покрај ова, очекуваме одговори од надлежните, кој ја одржувал веб страната на претпријатието и зошто не се реагира да се исправи грешката.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: