сабота, 3 декември, 2022
Реклама

Две тепачки и две сообраќајки во вчерашниот билтен на СВР Велес

policija-2

Две тепачки и две сообраќајни несреќи регистрирал СВР Велес во текот на вчерашниот ден.

Петнаесет минути пред полноќ во селото Горно Јаболчиште шеснаесетгодишно момче било нападнато од неговиот сосед Џ.А. (51). Случајот во полиција го пријавил таткото на малолетникот.

Agria

Претходно, тепачка се случила и во Кавадарци, во која учествувале тројца соседи. Инцидентот се случил во 10 часот, кога по кратка расправија Т.Т (68) и С.Т. (46) се степале со нивниот сосед Д.Т. (57).

По целосно документирање на случаите, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Две сообраќајни несреќи се случиле вчера на регионалниот пат Градско – Демир Капија.

Утрото околу 9 часот на патот Неготино – Демир Капија во близина на местото викано „Острово“, С.Д. (69) од Скопје, управувајќи мотоцикл „Томопар 150Т“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Неготино.

Шест часа подоцна на регионалниот пат Градско – Неготино, патничко возило „Ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ. (49) од Гевгелија излетало од патот и удрило во земјен канал. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

Увид и на двете сообраќајни несреќи извршила екипа од СВР Велес.