сабота, 3 декември, 2022
Реклама

Заев: Изборите се решение, а не проблем

“Потребно е и одговорно е да се најде решение за изборите да се одржат пред почетокот на летото, најмногу заради здравјето на луѓето. Затоа, нашата, мојата порака е: изборите се решение, а не проблем. Спроведувањето на изборите бара внимателност и одгoворност од секој од нас, при што јасно е дека изборите се единствениот демократски механизам граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт”, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Струмица, каде одржа работна средба со кандидатите за пратеници од изборна единица 4.

Заев порача дека неговата партија сака избори на кои ќе учествува и ВМРО-ДПМНЕ.

Agria

Ние имаме силен демократски капацитет и како и досега ќе направиме се опозицијата да си ја превземе својата одговорност. Заврши времето кога опозицијата, во тоа време СДСМ, од телевизија дознаваше кога ќе се одржат изборите. Се разбира, доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови за изборниот процес, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев