сабота, 3 декември, 2022
Реклама

ВИДЕО: Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Фотографија на Арбнора Мемети (Скопје) 24.05.2020

Муслиманите ширум светот, во услови на пандемијата на коронавирусот го дочекаа првиот ден на Рамазан Бајрам.
По еден месец строг пост, во кој верниците се воздржуваат од храна и појалоци од изгрејсонце до зајдисонце, утринава во храмовите на муслиманите се служи Бајрам-намаз.

Поради коронавирусот и опасноста за ширење на вирусот празнувањето треба да биде со посебни мерки за заштита.

Agria

Екипата на 360 степени денес ја посети џамијата во Куманово. Таму мерките делумно се почитуваа, но не секој верник носеше маска и држеше дистанца.

Обавувањето на намазот траеше само 15 минути, како што беше препорачано во мерките на ИВЗ. Освен заштитна опрема и држење дистанца која е препорачана, задолжително беше и секој верник за себе да лично сеџаде каде би се избегнале поздравите со физички контакт.

За да се спречат поголеми собири, денес од 11 часот на сила ќе биде полициски час.

Видеото можете да го погледнте тука

Извор: 360 степени