Реклама

Црна Гора прогласи победа над коронавирусот!

Crna-Gora-960x519

Црна Гора денеска прогласи победа над коронавирусот. Од вчерашниот пресек на состојбата, во лабораторијата на црногорскиот Институт за јавно здравје се завршени анализи на 140 примероци, меѓу кои нема ниту еден нов случај на инфекција. Исто така, во Црна Гора во овој момент нема ниту активни случаи на инфицирани со новиот коронавирус.

„Во нашата земја повеќе нема инфицирани со вирусот Ковид-19. До 17 март, кога е потврден првиот случај на инфекцијата, Црна Гора беше последна европска држава без вирусот“, објави Владата на Црна Гора.

Agria

Во Црна Гора од почетокот на епидемијата се заразија 324 граѓани, од кои 315 го прележаа, а деветмина починаа.