недела, 4 декември, 2022
Реклама

Македонските туристи нема да можат да летуваат во Хрватска

Split

Хрватска ќе ги отвори границите за туристи од 10 земји, но Македонија не е една од нив, најави денеска хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

„Успеавме во првото полувреме да ја победиме епидемијата. Направивме план според кој би ја измениле одлуката за привремена забрана за поминување на граничните премини за државјани од низа земји за туризам. Тоа би се однесувало на Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија“, изјави Пленковиќ.

Agria

Хрватскиот премиер рече дека листата ќе се проширува во согласност со ситуацијата.

Претходно и Црна Гора не ја стави Македонија, но и Србија во земјите кои од 1 јуни ќе можат да влезат во оваа земја. Причината за тоа е бројот на случаи со заразени од коронавирусот во Македонија и нејзиниот северен сосед. На листата на земји што може да летуваат во Црна Гора од регионот се Хрватска, Албанија, Грција и Словенија.