Реклама

Филипче: Ќе се разгледува можно воведување на карантин за одредени општини

Filipce 29.05.2020

Воведување на нови рестрикции во одредени подрачја најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа Филипче, во следниот период здравствените власти ќе ја следат состојбата со новозаболени и ако се наметне потреба, повторно ќе се воведат ограничувања.

„Ќе ги анализираме бројките и во следните денови, во текот на викендот и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките“, рече Филипче.

Agria

Најкритично, според него е во општините Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром.

Министерот изрази незадоволство од неспроведување на владините мерки во некој градови и општини, со посебен акцент на Тетово и Штип, каде што инспекциските контроли утврдиле повеќе неправилности. Како што кажа тој, во Тетово потфрлила примената на мерките за лична заштита, како и почитување на рестриктивните мерки, додека во Штип имало пропусти во организираниот превоз на работници.

Загрижувачки за здравствените власти е тоа што новиот бран позитивни случаи се заразиле токму во периодот кога во сила беа строгите рестриктивни мерки.

Извор: libertas.mk