Реклама

(ВИДЕО) Изнемоштен коњ падна кај Пошта, сопствениците го влечат и го тепаат!

padnat konj

Изнемоштен коњ, користен како превозно средство, попладнево е малтретиран од неговите сопственици во центарот на Велес, откако, влечејќи товар, паднал на асфалтот. Неговите сопственици почнале да го удираат за да стане.

Велешани кои се нашле на местото на настанот, во близина на главната пошта притрчале на помош, викајќи кон сопствениците на коњот да не го удираат, оти коњот бил дехидриран.

Agria

„Што правиш, што го маваш? Што не му дадеш вода да пие и да јаде? Од што ќе падне, што мислиш? Вода се нема напиено, остај го. Остај го бе“, вели граѓанинот кој притрчува на помош.

На ова едно од лицата кое го малтретираат коњот вели:

„Ништо не му е“.

Но и покрај ова, авторот на видеото му вели:

„Остај го, како ништо не му е! Остај го бе! Остај го да му донесам вода“.

Луѓето кои го малтретираат коњот упорно одговараат

„Абе ќе стане“!

Сличен настан во Велес се случи и пред неколку години, кога изнемоштен коњ падна во близина на Стар Мост.

Овие случаи се дел од низата, на кои во годините наназад укажуваат здруженијата за заштита на животните и бараат заштита на коњите, кои се почесто се злоупотребуваат за да влечат товар. Тие бараат од надлежните институции поригорозни санкции за лицата кои нехумано се однесуваат со коњите.