недела, 4 декември, 2022
Реклама

Усвоен протокол за градинките

Владата денеска го објави протоколот за градинките во кој се пропишани критериумите за тоа како ќе работат. Овие протоколи се однесуваат на установата, на вработените и на родителите.

Според протоколот кој го донесе владата, со бројот на деца во една група се ограничува: за децата до двегодишна возраст максималниот број во една група е шест деца, а за децата од три до шест годишна возраст, максимум е дозволено да има по 15 деца. Се предвидува за секоја група да има по двајца вработени на установата.

Agria

Иако протоколот е донесен, отварањето на градинките нема да биде избрзана одлука.

“Планот е веќе утврден заедно со Министерството за труд и социјална политика. Веќе почнуваат да се отвараат уписите за тие деца кои што не се запишани, и тие каде што навистина нема каде да ги носат децата. Тоа оди паралелно со процесот на враќање на вработените и отварање на градинките. Во оваа ситуација сакам да потенцирам дека нема да брзаме со оваа одлука”, рече Венко Филипче.

Родителите ќе имаат обврска во установата да донесат потврда од лекар за моменталното здравје на детето. При носење на детето во градинка родителот задолжително ќе мора да носи маска и во градинката ќе биде дозволен влез само во надворешниот дел и тоа само за еден родител. Воспитувачките исто така ке носат маски, и ќе имаат задача да ги разделуваат децата доколку имаат близок контакт, и почесто да им ги мијат рацете на децата

Меѓу мерките се и задолжително мерење на температура на дечињата при влез во градинките.