недела, 4 декември, 2022
Реклама

Ескалираат протестите во САД, воведен полициски час

Протестите поради смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој беше брутално задушен од полициски службеник во понеделникот во Минеаполис, се проширија низ цела Америка, од источниот до западниот брег на земјата.

Протестите и нередите поради расизмот и самоволието на униформираните лица ги вратија спомените од свежите изблици на гнев по случаите на полициско насилство и стрелби врз претставници на црномурестото население во Фергусон, Балтимор и Шарлот пред неколку години.

Agria

Пет полициски возила пак беа уништени во Кливленд, каде беа искршени и стаклата од локалното обвинителство. Слични сцени имаше во Портланд, Чикаго, Њујорк, а во неколку градови вклучувајќи ги Атланта, Портланд, Минеаполис, Луивил и Колумбус се воведе полициски час.

Во Минеаполис, кој е на работ на војна, синоќа настрадаа и неколку фоторепортери, политичка активистка, и една новинарка остана без едно око за време на протетсот кога полицијата ја погоди со гумен куршум.