вторник, 29 септември, 2020
Реклама

(ВИДЕО) Коцевски: Не сакам загадувањето да го мериме со инструменти од „Али експрес“

merni-stanici

Не сакам да поставуваме мерни инструменти набавени преку „Али експрес“, чии неточни резултати можат да ја вознемират јавноста. Ние како општина можеме да поставиме, но само сертифицирани мерни инструменти кои ќе покажуват точни резултати, како што е и препораката на Министерството за животна средина и просторно планирање, вели градоначалникот на Велес Аце Коцевски, откако Уставниот суд ја отфрли неговата жалба за преиспитување на законитоста на одлуката на Советот на општината, сите фабрики со Б интегрирана еколошка дозвола да имаат обврска да постават инструменти кои ќе го мерат загадувањето, а ако тоа не го сторат, обврската да падне на општината.

Коцевски вели дека тој никогаш не бил против поставување инструменти, но некој сакал да постави непроверени мерни инструменти и дека тоа било недоразбирањето помеѓу него и Советот на општината.

„Ако влеземе во тој проект, тоа ќе го правиме со сертифицирани мерни инструменти, кои даваат точни резултати“, вели Коцевски.

Одлуката е донесена пред една и пол година, а за неа гласаа сите членови на Советот. Сепак, градоначалникот Коцевски ја оспори одлуката и побара мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое одговари дека, доколку се влезе во таков проект, инструментите мораат да бидат сертифицирани.

dokument opstina 1
dokument opstina 2

Поврзани вести:

Реклами