Реклама

Здравковски: Власта има двојни аршини за верските права и обичаи

Igor Zdravkovski

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ го поддржува и почитува повикот на Митрополитот на Повардарска епархија Агатангел за чествување на денешниот празник Задушница (Духовден). Истовремено, го осудува односот на властите преку покренување на исценирана постапка, која, според претседателот на комитетот Игор Здравковски, има намера да се изврти вистината и суштината на повикот, во кој никаде не се споменува посета на гробиштата туку, како што рече Здравковски, народот се повикува во дворовите на верските храмови.

„За двојните аршини кога се однесува на верските прашања и обичаи, а се поттикнати исклучиво од пазарџиски побуди, сведоци сме на нивна примена во последните неколку недели, но воопшто не заслужуваат коментари бидејќи граѓаните гледаат и судат. Многу бргу ќе се видат резултатите од епската неспособност на централната власт, како и на локаната самоуправа, и политичката инструираност на институциите кои во принцип треба да одлучуваат самостојно, а не да бидат во служба на владеачкиот естаблишмент“, порача на денешната прес конференција претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДМПНЕ од Велес, Игор Здравковски.

Agria

Осврнувајќи се на состојбата со коронавирусот, Здравковски рече дека не е нормално да се воведува карантин на одредени делови од Република Македонија, а притоа да се дозволи еднонасочен проток на повеќе од 25 илјади автомобили и повеќе од 100 илјади граѓани, кои потенцијално би го пренеле вирусот насекаде низ државата.

Тој ги критикуваше мерките на Владата за справување со коронавирусот. Здравковски смета дека власта потфрлила и побара одговорност од неа, бидејќи, според него, не е нормално да имаме троцифрени бројки на новозаразени секој ден.

„Не е нормално да се превземаат мерки кои не можат и немаат идеи како да ги контролираат. Не е нормално член на политичка партија кој има решение за самоизолација да држи прес конференција. Не е нормално со единствена цел – стекнување на имунитет на аболицираниот Зоран Заев да ја втурнете цела држава во ризик од долгорочни здравствени проблеми на граѓаните, а со тоа и економска криза која следува односно паралелно оди со пандемијата“, рече Игор Здравковски, претседатле на ОК на ВМРО ДПМНЕ Велес.

Според него, наместо бројките на новозаразени да се намалуваат како насекаде низ Европа и Светот, кај нас рапидно, од ден на ден се повеќе растат.

„Дека отсега па натаму начинот на живот и животните навики ќе мораме да ги промениме е јасно. Но, јасно од последните случувања и очајно лоши мерки е и дека здравството и Владата немаат доволно капацитет да се соочат успешно со опасноста“, смета Здравковски.

Првиот човек на велешкиот општински комитет на ВМРО ДПМНЕ ги замоли сите граѓани да се придржуваат на препораките за заштита и да се однесуваат одговорно, затоа што, како што рече, институциите прогласија капитулација во борбата против оваа пандемија.