Реклама

Автомобил удри во деветгодишно дете

Во текот на вчерашниот ден во 13.50 часот е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, на влезот за с.Дебреште, К.Т.(21) од с.Дебреште, со автомобил ауди без регистарски таблици, удрил во деветгодишно дете кое возело велосипед.

Веднаш по незгодата, деветгодишнито дете е пренесено во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп, соопшти полицијата.

Agria