Реклама

Заврши вонредната состојба, течат роковите за избори

На полноќ заврши вонредната состојба во државата воведена по појавата на коронавирусот. Состојбата беше воведена за справување на последиците од коронавирусот. Во меѓувреме лидерите на двете најголеми партии Заев и Мицковск не постигнаа договор за датумот за изборите, па затоа по завршувањето на вонредната состојба продолжуваат да течат изборните дејствија за избори на петти јули. Кампањата пак, треба да почне на 16 јуни.

Зоран Заев во текот на вчерашниот ден го понуди осми јули како ден за избори, а ако Мицкоски се согласеше на тоа, Заев рече дека ќе побара од Владата да свика седница и да донесе предлог за продолжување на вонредната состојба од три дена, овој пат заради договор со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Agria

Лидерот на СДСМ, потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува на изборите. Од опозицијата пак, без конкретен одговор на понудата. Тие го повторија ставот дека избори се можни, но како што велат прво заштита на здравјето на граѓаните, како и на квалитетен меѓународен мониторинг и прочистен избирачки список.

А во меѓувреме, Државната изборна комисија започна со преземање на сите неопходни активности за подготовка за избори.

Парламентарните избори првично беа закажани на 12 април, а собранието се самораспушти од 16 февруару и од тогаш не фунционира.