недела, 4 декември, 2022
Реклама

Заев: Нема веќе бегање, нема одложување, доста е

Стравот од пораз на изборите не смее да биде причина на било која партија да бојкотира избори или да бара нивно одложување, и со тоа да ги става во опасност и народот и државата, се вели во реакцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, која тој ја објави нецел час по обраќањето на претседателот Христијан Мицкоски.

“Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и Устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност”, напшиша Заев.

Agria

Заев пишува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го користат здравјето на граѓаните како изговор за да нема избори.

“На средбата кај Пендаровски, Христијан Мицкоски не спомена ниту З од здравје на граѓаните, ниту З од здравство или здравствена криза”, пишува Заев.

Заев пишува дека сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност, пишува лидерот на СДСМ.