сабота, 3 декември, 2022
Реклама

Велешки Борец со прво летно засилување

ECRalaYXkAAz-eF

Искусниот фудбалер Стојан Стојчевски следната сезона ќе го носи дресот на Борец од Велес. Ова е првото потврдено име кое доаѓа летово во таборот на велешани.

Стоперот има доста прволигашко искуство. Тој беше дел од Вардар, Силекс, Работнички и Хоризонт Турново, што значи дека одлично го познава прволигашкото друштво.

Agria

Од Борец за порталот спорт медиа велат дека нема премногу да го менуваат составот, оној кој ја одигра изминатата сезона, и дека ќе пробаат да освежат неколку позиции за да можат следната година да атакуваат за излез во Европа.