Реклама

Во Бразил над милион заразени и речиси 50 000 мртви од Ковид-19

Brazil Korona

Бројот на заразени со коронавирусот во Бразил достигна 1 038 568, а од Ковид-19 починаа 49 090 луѓе, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Така, Бразил стана втора земја во светот што потврди повеќе од милион случаи на коронавирус и е на второ место во светот во однос на бројот на заразени и бројот на починати, по САД. Веќе четврти ден по ред бројот на починати е поголем од 1.200, јавува Би Би Си.

Agria

Експертите веруваат дека бројот на заразени е далеку поголем, а пандемијата во Бразил особено го погоди најсиромашното и домородното население.

Поврзани вести: