Реклама

Велешаните Clashing Colors со нов сингл

Clashing Colours photo 2

Honey Dearest е нов сингл на македонскиот бенд Clashing Colors, извонредното дуо, кое поленка но сигурно, ја освојува светската музичка сцена.

Honey Dearest е осми сингл на бендот, кој постои од 2017 година. Го сочинуваат велешаните Лили Бабунска, која е автор и изведувач и Темелко Андреев, кој во исто време е задолжен за продукцијата и звукот. За себе велат дека не се ограничуваат во музичките стилови, но најчесто се пронаоѓаат во R`n`B; трап џез, нео соул, инди поп и њу диско стиловите.

Soopstenie 10.07.2020

Музиката и текстот на Honey Dearest е на Лили Бабунска, а аранжманот, миксот и мастерингот ги направи Темелко Андреев.

„Песната раскажува за сеќавањата на една љубов, која што е невозможно да исчезне. Зборува за сеќавањата помеѓу двајца заљубени, за секое добро и погрешно, за секое ‘да’ и секое ‘не’, кажано во една врска, за тоа пролетно чувство, кое прави да се присетиш на сите убавни нешта, чувајќи го саканиот блиску до срцето“, вели Лили Бабунска.

Clashing Colours photo 1

Honey Dearest е љубов на прв поглед или, ако сакате, на прво слушање, вели Темелко Андреев.

„Како песна, ја доживеав уште при првата телефонска снимка, која што Лили ми ја пушти. Само што почна првиот стих и мелодија, почувствував дека е песна полна со гламур, со емоција и скандалозна големина. Ова не е песна за бенд, ова е песна за цел оркестар, кој и покрај големината, ќе исзгледа премало во споредба со изведбата и сјајот на Лили“, раскажува Темелко Андреев.

Clashing Colors велат дека најголем мотив им е да се изразат пред светот, да му дадат музика, пред мотивот да освојуваат некакви пазари.

„Со таков мотив почнавме и тоа е наше обележје – слободата да се изразиме без стилски ограничувања и следење некакви си трендови. Го твориме тоа што го сакаме и во што најмногу уживаме и се препуштаме на моменталната инспирација, а креативноста и квалитетот ќе си го направат своето“, вели Темелко Андреев.

Clashing Colors имаат своја веб страница каде што можат да се слушнат сите нивни песни. Одлично котираат и на Spotify и Apple стриминг платформите. Откако ќе го завршат албумот, ветуваат дека ќе не изненадат со одлични видео записи.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами