сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Повторно падна сајтот на ДИК

DIK padnat sajt

Откако утрово конечно проработе, веб-страницата на Државната изборна комисија повторно има проблеми. На сајтот на Државната изборна комисија ги има податоците за излезноста, но не и резултатите од изборите.

Страницата на ДИК беше надвор од употреба откако беше хакирана кратко по затварањето на гласачките места, кога се очекуваше да започне со објавување на прелиминарните резултати.

Agria

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, информираше дека полицијата била известена за хакерскиот напад на веб-страницата на ДИК и дека станува збор за надворешен напад. Според него, станува збор за хакерски напад, кој предизвикал мало одложување на оперативната активност.

Можеби ќе ве интересира: