Реклама

(ВИДЕО) Фонтаната во „Младински“ за некого е базен!

Romi vo fontana

За најголемиот дел велешани фонтаната во Младинскиот парк, која од неодамна повторно работи, е место за уживање, посебно во вечерните часови. Во неа „уживаат“ и деца од ромска националност, но на еден поинаков начин. Тие го искористија топлото време да се искапат во неа, изведувајќи разни „лудории“.

Сепак, овие млади ромчиња не се свесни за опасноста која ги демне при капењето во фонтаната, па лесно може да се случи и поголема несреќа, бидејќи во фонтаната се поставени цевки, од кои водата извира во млазови, а децата скокаат во водата многу близу до нив, не обрнувајќи многу внимание.

Капењето во фонтани е забрането, па полицијата, но и комуналните редари во општината мораат да обрнат повеќе внимание на ваквите настани, за да спречат евентуална несреќа, но и да спречат уништување на фонтаната.

Можеби ќе ве интересира:

Реклами