Реклама

100.000 куни заразени од коронавирусот во Шпанија ќе бидат убиени

Ilder-960x609@2x

Шпанија нареди да се убијат речиси 100.000 куни на фарма, откако е потврдено дека го пренесувале коронавирусот, соопшти регионалното Министерство за земјоделство.

Министерот за земјоделство Хоакин Олона, за северо-источниот регион Арагон, кажа дека треба да се убијат 92.700 куни, кои инаку имаат цена поради своето крзно.

Локалните власти се сомневаат дека вирусот влегол во фармата преку работник кој потоа го пренел на животните.

Но, министерот Олона вели дека не е целосно јасно дали е можно „пренесување на вирусот од луѓе на животни и обратно”.

Десетици илјади куни се убиени во Холандија од почетокот на пандемијата по откривањето на заразата во 20 фарми, соопштија тамошните власти на почетокот на јули.

Како што пренесува „Гардијан”, на овој потег се одлучиле по откривањето на заразата кај двајца работници во мај, најверојатно од куна, додека Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека може да биде првиот познат случај на пренесување на вирусот од животно на човек.

Извор: slobodenpecat

Можеби ќе ве интересира: