За викендот регистрирани еден пожар и две тепачки во Велес

tepacki_grupni
tepacki_grupni

За време на викендот се регистрирани еден пожар и две нарушувања на редот и мирот со физички пресметки.

Во куќа на улица Родна Ивева во Велес во куќа во која не живее никој. Пожарот бил изгаснат од соседите и екипа од Територијалната противпожарна единица Велес. Бил извршен увид на местото на настанот.

Agria

Во Горно Оризари во дворот пред куќа на ул. „Првомајска“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.К.(36) и Ф.К.(42), од една страна и Б.К.(30), од друга страна. По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Павел Шатев“ во Велес, С.Ѓ.(65) била физички нападната од М.Ѓ.(35), која, пак, била нападната од О.Ѓ.(40). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: