Реклама

(ВИДЕО) Пазараниот инспекторат ги проверува злоупотребите со туристичките ваучери

captugjgggjre-267666

Се испитуваат злоупотребите на ваучерите за туризам кои ги дава државата во вредност од 6 000 денари, а кои дел од граѓаните наместо да ги користат ги продаваат, велат од државниот пазарен инспекторат.

Во изјава за ТВ Алсат, која објави дека граѓани своите ваучери ги нудат на хотелиери или на сопственици на приватни апартмани, првиот човек на пазарниот инспекторат вели дека неправилности се забележани во Охрид и Струга и дека случаите се испитуваат.

Стојко Пауновски од државниот пазарен инспекторат вели дека имаше ситуации каде сопственикот имал осум апартмани кои може да ги издава за туристи, а во исто време на списокот беа откриени десет ваучери.

Тој најави дека контролите во однос на ваучерите ќе продолжат и во текот на наредните денови по празничниот викенд, како по хотелите така и по приватните апартмани и оти повеќе информации ќе имаат наредната недела.

Во сторијата на ТВ Алсат се открива и дека на специјализираните интернет-страници за продажба овие ваучери се нудат за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.

Извор: Alsat-m.tv

Можеби ќе ве интересира:

Реклами