четврток, 22 октомври, 2020
Реклама

По страотната несреќа во Бејрут се зголемува бројот на жртви

20200805071456

Ден по страотната експлозија која го потресе главниот град на Либан, бројот на загинати се искачи на 100 додека пак повредени се најмалку 4000 лица. Делови на Бејрут се целосно разурнати.

До сега загинаа најмалку 100 луѓе, а над 4.000 се ранети, гласи најновиот биланс кој денеска го соопшти преставник на либанскиот Црвен крст.

Според Џорџ Кетанхех, бројката на настрадани би можела да продолжи да расте.Според информациите, ескплозијата во магацин на пристаништето ја предизвикал пожар.

Како што наведува агенцијата Асошиејтед прес, станува збор за најсилна експлозија во градот кој претрпе граѓанска војна, конфликти со Израел и терористички напади.

Ескплозијата го срамни со земја поголемиот дел од пристаништето и оштети голем број згради во градот. Во рушевините има затрупани луѓе, а на десетици повредени им се укажува помош на лице место.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/9587/deneska-dozhd-grmezhi-i-posvezhi-vreme