понеделник, 26 октомври, 2020
Реклама

СДСМ : Во тек се сериозни разговори за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство

sdsm sediste

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат, се наведува во партиското соопштение.

Новата влада ќе работи на уште поголема грижа за сите, на јакнење на економскиот стандард, на прочистување на правосудството и обезбедување силна правна држава и владеење на правото.

Новото парламентарно мнозинство ќе обезбеди стабилна Влада која движи брзо напред по европскиот пат, Влада посветена на економијата, правдата и борбата со Ковид-19. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот.

Како одговорна партија СДСМ води разговори за пронаоѓање на одговорни кадровски решенија кои се способни посветено и одговорно да работат на остварување на овие принципи кои се во интерес на граѓаните и државата, се наведува во сооопштението од СДСМ.

Извор: kanal5.com.mk

Можеби ќе ве интересира: