Поранешниот разузнавач, Велешанецот Маријан Ефремов, завчера бил уапсен од полицијата и спроведен во затворот Идризово, пренесува Фокус. Тој беше осуден на затворска казна како обвинет во случајот „Шпион“, а во 2017 доби прекин на казната за лекување, поради што беше на слобода.
„На 16.08.2020 во 21.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош и СВР Велес на подрачјето на Велес го лишиле од слобода М.Е.(59) од Велес, за кого била распишана национална потерница за издржување на казна затвор по наредба од Основен кривичен суд Скопје. Обвинетиот се товари за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „злосторничко здружување“, „шпионажа“, „измама“, „прикривање“ и „уцена“. Тој бил приведен во Полициска станица Велес, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ за издржување на казната затвор“, велат од МВР.
Можеби ќе ве интересира: