Постигнат ли е договор за влада, денеска средба Заев и Ахмети во 14 часот

zaev-ahmeti-sredba
zaev-ahmeti-sredba

Лидерите на двете победнички партии СДСМ и ДУИ, Заев и Ахмети се на чекор до договор кој ќе треба да обезбеди 61 пратеник во Собранието за формирање на новата Влада. Средбата на двајцата лидери е закажана за денеска во 14 часот во клубот на пратеници.

Zito akcija 640x289px

И СДСМ и ДУИ вчера соопштија дека постигнат е сериозен напредок во преговорите и дека на денешната средба меѓу Заев и Ахмети се очекува конечен договор за нова влада. Тие потврдија и оти се надеваат дека во наредните денови ќе продолжи и конститутивната седница за избор на претседател на Собранието.

Agria

Во ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку дена воопшто не коментираат на оваа тема. Единствено што може да се добие како став од партијата е дека се готви инцијатива пред Уставен суд за процедурата во која претседателот Пендаровски му го додели мандатот на Заев за формирање на новата влада.

Поврзана вест:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: