Реклама

Дали Заев ќе раководи или ќе кораководи со Владата?

Во новата Влада, генералниот секретар на ДУИ Артан Груби ќе ја извршува функцијата прв вице-премиер, што за прв пат се воведува во македонската политика. Засега е најасно какви ќе бидат неговите надлежности, поради разногласие меѓу коалициските партнери, но и медиумски шпекулации.

Zito akcija 640x289px

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера ги демантираше информациите објавени во некои медиуми, дека премиерот нема да може да донесе одлука без согласност од првиот вицепремиер.

Agria

„Нема да има врзани потписи меѓу премиерот и првиот вицепремиер“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по состанокот на Централниот одбор на партијата.

„Прв вицепремиер значи оној што го менува Заев кога е отсутен за водење седница или прием на делегација и слично. Се знае дека премиерот потпишува, нема никакви врзани потписи или слично. Во идната Влада планирам да има четворица вицепремири, тројца се на предлог на СДСМ, а еден е од вториот партнер по големина – ДУИ. Ќе биде именуван како ‘прв вицепремиер’. Ова е за подобра координација меѓу двете политички партии во делот на преземањето на одговорноста и честа којашто се дава од граѓаните, а со цел ефикасни и ефективни одлуки. Именувањето ‘прв вицепремиер’ е за да дадеме важност на функцијата“, рече Заев.

Ахмети: Владата ќе се кораководи од премиерот и првиот вицепремиер

ali-ahmeti

Но, според изјавата на Ахмети што ја  пренесе ТВ „Телма“, кога коалицискиот партнер на Заев зборува за функцијата „прв вицепремиер“, не мисли на лице што ќе го заменува премиерот во отсуство, туку за функционер кој ќе „кораководи“ заедно со премиерот.  

„Ние воспоставивме партнерство и последователно оваа влада ќе се кораководи од премиерот и првиот вицепремиер, кој истовремено е и министер за политички систем, преку консензуално одлучување како начело на ковладеењето. За првпат во државата ќе се промовира и ќе се врши функцијата прв вицепремиер и оваа личност ќе биде еден од нас“, рекол Ахмети.

Од друга страна, како што пренесе „А1 он“, Ахмети по седницата на Централниот совет рекол „дека не е правник за да објасни како ќе се регулира носењето на одлуки на премирот и првиот вицепремиер“. Но, потенцирал дека исто како во минатото, така и во иднина сите одлуки ќе се носат со начелото на консезуална демократија.

„Консензуалноста се применува во носење на буџетот, како и сите одлуки. Таму каде што нема консензус, нема функционалност. Сите влади се политички и на прво место за нас е начелото на консезуална демократија. Тоа беше порано и сега нема да има никава промена. Како ќе се регулира во Владата носењето на одлука на премиерот и првиот вицепремиер, не сум правник за да дадам интерпретација“, изјавил Ахмети.

Заев во синоќешно обраќање на седница на ЦО, не даде повеќе објаснувања за надлежностите на првиот вицепремиер, а градењето „консензуална демократија“ го стави во контекст на духот во кој ќе функционира парламентарното мнозинство.

„Парламентарното мнозинство ќе го почитува духот на заедничкото работење кое подразбира конструктивна соработка, дијалог, почитување различно мислење базирано на аргументи и градење на консензуална демократија наместо паралелизам, етноцентризам и надгласување“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10541/koja-e-latife-shikovska-edinstvenata-romka-vo-noviot-parlamentaren-sostav/