Kонститутивната седница е закажана за утре во 12 часот

sobranie na RSM
sobranie na RSM

Иако уште вчера беше најавено дека денеска на собраниска седница Талат Џафери повторно ќе биде избран за претседател откако е формирано мнозинство од 62 пратеници, седница нема и никој не одговара зошто. По неофицијалните информации дека проблемот е во ДУИ, од СДСМ велат дека нема проблем кај коалицискиот партнер, но не одговараат зошто нема седница.

Се очекува да биде реизран собранискиот претседател Талат Џафери, а и покрај најавите тоа не се случи денеска, наводно поради партиски консултации кои се уште траат.

Agria

Инаку, скопските ограноци на ДУИ во Сарај и Чаир се револтирани од листата на новите владини функционери. Според информации на Телевизија 24, синоќешниот состанок на највисокото партиско тело на ДУИ го бојкотирале и новоизбраните пратеници, Изет Меџити и Арбен Зибери, по барање на нивните членови.

Тие се противат на именувањето на Артан Груби и Бујар Османи без консултација на скопските ограноци на ДУИ. Според ифнормции na телевизија 24, реакции имало и од другите ограноци како тој во Струга и токму заради тоа се одложило и именувањето на министерот за информатичко општество.

Коалицијата предводена од СДСМ, заедно со ДУИ и ДПА има вкупно 62 пратеници, а претседателот на парламентот се избира со 61 пратеник.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: