Реклама

Арсовски: Мицкоски нема да поднесе оставка и тоа е завршена работа

dimce-arsovski

По повиците од СДСМ Христијан Мицкоски да се повлече од претседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, како што ветил пред изборите, од опозициската партија денеска одговорија дека тоа би било кукавички чин.

Zito akcija 640x289px

На новинарско прашање во однос на барањата на СДСМ за оставка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, портпаролот Арсовски рече дека ова прашање веќе е одговорено и претходно од страна на партијата, од страна на претседателот на партијата Мицкоски.

Agria

„Сега би било кукавички чин оставка во овие околности, кога Зоран Заев и СДСМ буквално ја тероризираат и ја крадат цела држава. Така да сметам дека ова е завршена тема на којашто не би имале што повеќе да додадеме, така да подобро да се фокусираме на криминалот кој што го прави СДСМ“, кажа портпаролот на опозицијата Димче Арсовски.