Фотографија од огромен сом под површината на водата, за која се тврди дека е фотографирана денеска во водите на велешкото езеро „Младост“, всушност е лажна.
Станува збор за постара фотографија која преку сервисот на Гугл може да се провери дека потекнува од Русија, поточно десетина нивни портали, а споделувана е и на повеќе фан страници на Фејсбук.
Веста која што ја објавивме, ја преземавме од велешанец, кој на фејсбук има профил со име Nik Morisson. Во приватна преписка на месинџер, на наш соработник тој му тврдеше дека фотографијата е од денеска и му ја прераскажа дури и случката во детали. Сепак, во текот на денот, објавата заедно со фотографијата ја снема и од неговиот фејсбук профил. Им се извинуваме на нашите читатели.
Можеби ќе ве интересира: