Петмина новозаразени велешани, почина неготинчанец

Covid Macedonia 2
Covid Macedonia 2

Петмина велешани се помеѓу новозаразените граѓани со коронавирус, регистрирани во последните 24 часа. Во истиот период починаа и петмина пациенти, меѓу кои и еден неготинчанец. Министерството за здравство објави дека во последното деноноќие во земјава се регистрирани нови 127 случаи на ковид-19.

Zito akcija 640x289px

И денеска најмногу случаи има во Скопје, вкупно 38, а предничат и Куманово со 23, Прилеп со 15 и Гостивар со 12 новозаразени. Во Тетово се регистрирани осум нови случаи, во Велес пет, во Штип, Пробиштип, Берово, Делчево и Свети Николе по три, по двајца новозаразени има во Струга и Пехчево и по еден случај е регистриран во Дебар, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица, Виница и Неготино.

Agria

Починати се пет лица, една пациентка од Крива Паланка на возраст од 69 години, двајца од Гостивар на 77 и 63 годишна возраст, еден пациент од Неготино на возраст од 69 години и еден од Скопје на 70 годишна возраст. Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти.

Во последните 24 часа се направени 1.768 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 13.799, бројката на оздравени пациенти е 10.210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.016. Во Велес досега се регистрирани 264 заразени со коронавирус.

Моќеби ќе ве итнересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: