Опасниот коронавирус влезе и во редовите на актуелниот европски и македонски шампион, Вардар.
На неколку дена пред натпреварот од СЕХА лигата против Нексе од Нашице е откриено дека капитенот на црвено-црните Стојанче Стоилов е позитивен на КОВИД-19.
Стоилов на вчерашниот тренинг почувствувал малаксаност, по што му бил извршен тест за коронавирус. Откако било јасно дека тој е позитивен, од таборот на Вардар веднаш организирале тестирање на сите останати членови на клубот и во секој момент се очекуваат резултатите од испитувањата.
Стоилов е веднаш ставен во изолација и ако се работи за изолиран случај, односно ако само тој биде позитивен на вирусот, клубот ќе продолжи со подготовките по планираниот редослед.
„Стоилов ќе ни недостасува, посебно во нападот. Имаме доста нови ракометари кои ни се приклучија летово и потребно им е извесно време да влезат во системот на игра на Вардар“, изјави вели тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.
Сепак, доколку тестирањето покаже дека има уште позитивни случаи од клубот ќе мора драстично да ги променат своите планови, а и натпреварот против Нексе ќе дојде под знак прашалник.ж
Инаку, Стоилов пред неколку дена стана татко, откако доби син.
Можеби ќе ве интересира: