Со гитара и тамбура млади велешани создаваат необичен спој на музика

Филип Анастасов и Мартин Голчев се млади музичари од Велес, кои се обидуваат да ја спојат автентичноста на минатото преку традиционалните инструменти, со убавината на сегашноста, преку современите.

Zito akcija 640x289px

За себе велат дека се дуо комбинација, љубители на различни музички жанрови. Нивната идеја им е да направат сплет на традиционалната и рок музиката, со комбинирање на народни и современи инструменти. Во нивните музички интерпретации најзастапени се гитара и тамбура, но повремено вметнуваат и останати инструменти.

Agria

Прават преработки на песни во нивниот препознатлив музички стил, а моментално работат и на нивното прво авторско дело. Себе си се опишуваат како талентирани, креативни, музикални, љубопитни, авантуристи, дружељубиви, емпатични, ентузијасти. Нивното мото е дека среќата е во малите нешта, а концептот на среќата го креираме ние.

Филип и Мартин се натпреваруваат на он-лајн платформата за млади таленти novoime.mk. Доколку сакате да ги поддржите, гласајте за нив на https://novoime.mk/prijave/филип-анастасов-велес/
Откако ќе го отворите линкот, треба само да кликнете на срцето. Ако тоа ја смени бојата во црвено, значи дека сте гласале.

Погледнете го каверот на Филип и Мартин на „Сите мои слики“ од Ареа:

https://www.facebook.com/100028588273886/videos/409202756709330/

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: