Не е задолжителен тест за коронавирусот за крводарителите

blood-donation (1)
blood-donation (1)

Утринава седумдесет лица во Домот на АРМ дарувале крв во рамки на традиционалната крводарителска акција која во ист момент се одвива и на пункт на Матка.

Zito akcija 640x289px

Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина вели дека тестирање за коронавиорусот не е задолжително пред дарувањето крв.

Agria

„Крводарителите не ги тестираме затоа што сметаме дека тоа е дополнително оптоварување. Доволно е само тие да се чувствуваат здрави. Апелирам крводарителите да не се плашат од пандемијата. При дарувањето се одржуваат сите протоколи, сите мора да носат маски, се одржува растојание од два метра, се прави дезинфекција на раце, а дополнително ние имаме и прашалник за сите крводарители во кој треба да наведат дали имале контакт со некој заболен, дали патувале во странство. Оние кои имале контакт или патувале во странство треба да направат пауза пред да даруваат крв“, вели Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина.

Во акцијата за дарување крв, побројни се мажите па Димитриевски ги повикува жените да даруваат крв и да ја стигнат по бројност групата на мажите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: