Се запали, рано утринава, млекарницата „Милком“ во селото Ногаевци, јави порталот „Дума.мк“. Нема повредени работници. Пожарот се разгорел околу 5 часот, кога бил пријавен во полициската станица и во Територијалната противпожарна единица во Велес.
Како што пишува „Дума.мк“, цели пет и пол часа, девет пожарникари со три противпожарни возила од Велес и нивни колеги со едно противпожарно возило од Неготино интервенирале во гаснењето на пожарот. Пожарот е локализиран во 10:30 часот.
Според првичните информации површината што горела е голема. СВР Велес ја потврди информацијата и соопшти дека во моментов екипа прави увид на лице место. Резултатите од увидот ќе треба да ги утврдат причините како и материјалната штета што ја предизвикал пожарот.
Ова е втор пожар што за неколку години се случува во овој производствен капацитет на млеко и млечни производи во село Ногаевци, кај Велес.
Фото: архива
Можеби ќе ве интересира: