Реклама

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Идетификувано е телото пронајдено во Вардар

Телото на удавен маж кое денеска околу 13:20 часот беше пронајдено и извадено од водите на реката Вардар, кај вливот на Бабуна му припаѓало на велешанецот Спасе Димовски, кој 24 дена се водеше за исчезнат. Веднаш откако трупот беше изваден од водата, негови роднини го препознале и потврдиле дека се работи за 51-годишниот човек.

Zito akcija 640x289px

Тој се удави на 6 август годинава, кога по силното невреме кое го зафати велешко, отишол да и помогне на екипата на ЕВН, чие возило заглавило во надојдената Белештевичка река, во близина на велешкото село Белештевица.

Agria

Исчезнатиот велешанец во велешкото село Белештевица поседувал фарма со 60-тина крави и 40-тина телиња. Сакал да направи добро дело и 51-годишникот се одзвал на повикот на екипата на ЕВН да им помогне и да ги одглави со својот трактор при невремето. Откако ги извлекол, неговиот трактор останал заглавен, па заедно со говедарот кој го најмил да се грижи за неговата фарма влегле во возилото на ЕВН со двајцата вработени од компанијата. Кога водата почнала да го носи возилото Спасе успеал да излезе од него, како и останатите, но него го однела водата.

Потрагата по Димовски неколку пати беше прекинувана поради честите врнежи и високиот водостој на Вардар. Местото каде што телото на Димовски е пронајдено, е оддалечено 15-тина километри од местото каде што тој исчезна.

Денеска неговиот труп први го забележале граѓани во близина на крзнарата „Димко Митрев“. Тие се обиделе да го извлечат, но трупот им се откачил. Откако тие алармирале, неколку минути подоцна, трупот е изваден кај вливот на Бабуна во Вардар, во близина на дирекцијата на „Агриа“.

 Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11239/mashki-trup-pronajden-vo-vardar-pred-manastirot-sv-dimitrija-vo-veles/