Реклама

Во Македонија повеќе луѓе умреле пред да се појави коронавирусот

Македонија бележи повеќе починати граѓани во месеците кога немаше коронавирус, отколку кога тој се појави во земјава. Според податоците од Државниот завод за статистика, 37 починати повеќе има во месеците јануари, февруари и март оваа година, во однос на следните три – април, мај и јуни, кога коронавирусот веќе ги полнеше болниците, но и лимените мртовечки сандаци.

Zito akcija 640x289px

Во првиот квартал од годинава во Македонија починале 5.101 граѓанин, од кои 10 од Ковид-19, а во следните три месеци се забележани 5.064 смртни случаи, од кои 292 како последица на новиот коронавирус.

Agria

Бројот на починати во вториот квартал од годинава не отстапува многу од ланските три последни квартали. Споредбено со ланските април, мај и јуни, годинава во земјава починале 149 луѓе повеќе. Просекот на починати кој се движи помеѓу 4.700 и 5.100 е забележан и во втората половина на 2019 година, кога во месеците јули, август и септември починале 4.700 граѓани, а во последните три месеци лани светот го напуштиле 5.006 луѓе.

Сето ова укажува на тоа дека коронавирусот не влијае на драстично зголемување на вкупниот број починати.

Извор: Државен завод за статистика

Загрижувачки е и природниот прираст на населението, кој од третиот квартал лани бележи негативни бројки. Најголем негативен прираст се појавува во првите три месеци од оваа година, кога се забележани најмногу починати во последните 356 дена – 5.101, а се забележани 4.191 живородени бебиња. Негативен е прирастот и во вториот квартал годинава, но тој е преполовен за разлика од претходниот. Сепак, загрижувачки бројки се добиваат ако се со спореди ланскиот втор квартал, кога прирастот бил 0, колку живородени, толку починати.

Ако на сето ова во контекст се стават и бројките на склучени бракови, кои во месеците април, мај и јуни годинава се за 67% помалку во однос на истите месеци лани, за очекување е во следниот период, почнувајќи од првите месеци од следната година, драстично намалување на природниот прираст во земјава.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11377/za-24-chasa-321-prekrshok-za-nenosene-zashtitna-maska/