Реклама

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА КОЈА Е ИДЕАЛНАТА ТЕМПЕРАТУРА НА КОЈА КОРОНАВИРУСОТ НАЈЛЕСНО СЕ ШИРИ

Новиот коронавирус, официјално наречен SARS CoV-2, е предизвикувачот на болеста наречена COVID-19. Предок на оваа болест е сериозниот акутен респираторен синдром – коронавирус (SARS), кој се појави во 2003 година и првото детектирање на респираторниот синдром – коронавирус (MERS-CoV), кој се појавува за прв пат на Средниот Исток.

Zito akcija 640x289px

Директорот на американскиот Национален институт за алергии и инфекциски болести д-р Антони Фаучи вели дека се работи за болест која ќе трае неколку недели.

Agria

„Не може да се предвиди, но ако погледнете историски, веројатно е дека болеста ќе трае од две, до осум недели“, рече д-р Фаучи.

д-р Антони Фаучи – директор на американскиот Национален институт за алергии и инфекциски болести

Според првиот човек на Светската здравствена организација д-р Тедрос Габриајсис, Европа е сега центарот на COVID-19.

„На дневна основа, сега многу повеќе случаи се појавуваат во Европа, отколку во Кина, за време на „пикот“ на епидемијата“, вели тој.

д-р Тедрос Габриајсис – генерален директор на Светската здравствена организација

Неодамнешната студија на Сун Јат – сен универзитетот во Кина открива дека SARS-CoV2, може да има идеална температура на воздухот, на која што вирусот најлесно се шири.

Истражувачите го анализираа вкупниот број на потврдени случаи во сите загрозени градови и региони од 20 јануари до 4 февруари. Тие открија дека идеалната температура на воздухот на која вирусот најбрзо се шири е 8,89 степени целзиусови.