Реклама

Тројца велешани меѓу денешните новозаразени со коронавирус

Veleska bolnica 997x485

Втор ден по ред Велес е на листата на градови со новозаразени граѓани. Денеска се регистрирани три нови случаи. Во исто време, регистрирани се и четворица оздравени велешани.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа во земјва се регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, откако се направени 1756 тестирања. Починати нема. Најмногу новозарзени и денеска има во главниот град – 46, а по него следуваат Куманово со 17, Штип со 13, Прилеп и Делчево со по 12 и Тетово со 11 новорегистрирани случаи на заразени со коронавирус.

Agria

Следуиваат Кочани со седум, Пехчево со шест, по четири случаи се регистрирани во Битола и Струга, во Дебар, Велес, Струмица, Виница и Свети Николе има по тројца новозаразени, Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка, Радовиш и Македонски Брод бројт по двајца, а само еден случај е регистриран во Пробиштип

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 153.462 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14762, бројката на оздравени пациенти е 11965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2191.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11567/video-policzijata-vo-sad-povtorno-ubi-afroamerikanecz/