Реклама

14.555 деца во среда тргнуваат во градинка

Градинка

Од 19 илјади слободни места во државните градинки во земјава, од 9 септември во градинка ќе тргнат 14.555 деца, што значи дека има уште 4.445 слободни места, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Приоритет ќе имаат децата на самохрани родители и деца со вработени родители кои не може да работат од дома.

Zito akcija 640x289px

„Родителите кои што ја користат мерката за чување на деца од 0 до 10 години продолжуваат и понатаму да ја користат оваа мерка. Оваа мерка не ја укинуваме, продолжува и понатаму да биде во сила“, изјави Шахпаска.

Agria

Министерката Шахпаска појасни дека доколку градинките имаат повеќе слободни места односно согласно критериумите од протоколот можат да згрижат повеќе деца од приоритетните, тогаш можат да прифатат други деца кои се запишани во градинката. Согласно протоколите, групите до 2 години треба да имаат максимум шест деца за кои ќе се грижат двајца вработени, а групите од три до 10 години најмногу 15 деца за кои ќе се грижат двајца вработени.

Шахпаска информира и дека Владата им препорачала на општините да обезбедат или адаптираат дополнителен соосдветен простор ако за тоа има потреба, како и соодветен кадар за временскиот период за време на траењето на пандемијата ако градинката има потреба, со цел, како што рече, да се обезбеди непречено функционирање.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11573/trojcza-veleshani-megu-deneshnite-novozarazeni-so-koronavirus/