Реклама

Влошена состојбата на пациент со ковид-19 од велешката болница, итно пренесен во Скопје

Brza pomos vozilo

Пациент заболен од ковид-19 денеска е итно префрлен од велешката болница на Инфективната клиника во Скопје, јави порталот Дума. На пациентот кој е од Свети Николе, му се влошила состојбата, откако му паднала ситурацијата, па инфектолозите од Велес одлучиле да го испратат како итен случај на клиниката во Скопје.

Zito akcija 640x289px

„Пренесувањето на пациентот на Инфективна клиника во Скопје е, пред се, поради навремена реакција за добивање на квалитетна здравствена услуга и надзор, во клиника што претставува Ковид центар. Неговата здравствена состојба засега не е од витално загрозувачки карактер по неговото здравје, рече за порталот Дума д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Agria

Денеска на Инфективното одделение во велешка болница од коронавирус се лекуваат вкупно 15 пациенти. Од нив двајца се сомнителни додека 13 се позитивни. Три пациенти се на кислородна поддршка. На домашно лекување денеска се испратени двајца пациенти со два негативни резултати од контролни тестирања.

Во меѓувреме, се регистрирани нови три случаи позитивни на коронавирус, а четворица пациенти од Велес оздравеа.

Извор: duma.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11573/trojcza-veleshani-megu-deneshnite-novozarazeni-so-koronavirus/