На велешанецот Винко Симитчиев итно му е потребна помош од хумани граѓани и фирми. Тој е болен и тешко се движи, а условите куќата во која што живее сам, се лоши. Во моментов Симитчиев се наоѓа на лекување во болница, но неговата здравствена состојба се подобрува. Сепак, тој не е способен да работи, а малите приходи не му стигнуваат за живот. Симитчиев нема ниту роднини, кои би можеле да му помогнат.
Во меѓувреме, неколку хумани граѓани, но и Евангелската црква обезбедија материјали за реновирање на неговиот скромен дом, но потребни се дополнителни материјали за уредување на бањата и кујната во куќата.
Пасторот на Евангелската црква Филип Иванов апелира до сите хумани луѓе и организации да донираат колку што можат, за Винко кога ќе ја напушти болницата, си дојде во нов дом.
„Драги сограѓани, велешани, по достигнатиот апел за помош на Винко Симитчиев, денеска од Евангелска Црква успеавме да ги обезбедиме сите потребни материјали за реновирање на неговиот скромен дом, и работата веќе започна! Сето ова благодарение на Бога и дарежливоста на Неговиот народ. Винко е сѐ уште во болница, и добар е, па сакаме кога ќе излезе оттаму, да си дојде во нов дом! За таа цел, потребни ни се уште малку нешта за бањата и кујната, и верувам дека заедно можеме да го постигнеме тоа. Можете да донирате материјали или средства за истото“, напиша пастор Филип Иванов на неговата фојсбук страница.
Тој вели дека најнеопходни се 16 м2 ѕидни плочки и 6 м2 подни плочки за бања, чешма, туш батерија и WC шолја, 7 м2 ѕидни плочки и 3 м2 подни плочки за кујна, чешма и мијалник и мал бојлер,
Секој што сака да помогне нека, да го контактира пастор Филип Иванов, или Дејан Димовски, кој неуморно и со многу љубов ја работи сета физичка работа изминативе денови во домот на Винко, на телефонскиот број 078/392-011
Инаку, Винко Симитчиев голем дел од својот живот го помина во велешките локални медиуми, како аудио и видео техничар и радио и ТВ водител.
Можеби ќе ве интересира: