Реклама

Продолжува судењето за немирите од 27 април

Собрание хаос

Продолжува судењето за организаторите на настаните од 27 април во собранието на кое треба да бидат сослушувани сведоци предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, откако претходното рочиште одржано на 26 август заврши со презентирање на материјалните докази.

Zito akcija 640x289px

Крсто Јовановски, Никола Мицевски, Благица Ласковска, Панчо Минов, Иван Стоилковиќ, се дел од пратениците кои денеска ќе сведочат пред судот за текот н конститутивната седница по парламентарните избори во 2016-та година.

Agria

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Случајот кој се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11642/dvajcza-veleshani-se-stepale-vo-hodnik-na-zgrada-na-glavnata-ulicza-vo-veles/