Реклама

Поради Ковид-19 во Франција затворени 22 училишта

Деца на училиште Франција

Во Франција учебната 2020/21 година започна на први септември за сите ученици со почитување на сите здравствени мерки, но три дена подоцна се затворени 22 училишта по откриени случаи на Ковид-19 во нив. 

Zito akcija 640x289px

Жан-Мишел Бланкие соопшти дека се работи за 12 училишта во континенталниот дел на земјата и десет на островот Реунион.

Agria

„Што се однесува до одделенијата, погодени се околу стотина. Бројката се менува секојдневно. Ние  дневно активираме 250 антиковид протоколи. Односно дневно имаме по околу 250 сигнализирани сомневања за зараза со Ковид-19. Интересно е да се забележи дека сомневањата поврани со Ковид-19 во училиштата се поврзани со надворешни фактори”, истакна Жан Мишел Бланкие

Франција не е единствената земја каде што веднаш по почетокот на учебната година се појавија првите случаи на заразени ученици. На почетокот на август со иста ситуација се соочи и Германија, кога само неколку дена откако покраината Мекленбург – Предна Померанија стана првата во Германија која ги отвори училиштата по летните одмори, околу 800 ученици беа принудени да се вратат во своите домови откако еден наставник беше позитивен на тестот за ковид-19. Иако заразениот наставник не држел настава таа недела, училиштето беше затворено.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11642/dvajcza-veleshani-se-stepale-vo-hodnik-na-zgrada-na-glavnata-ulicza-vo-veles/