Репрезентацијата на Македонија до 21 година несреќно загуби на Националната арена „Тодор Проески“ од Шпанија со 0:1 во натпревар од 5. коло од квалификациите за Европското првенство.
Големиот фаворит, Шпанија од пенал во 82. минута дојде до водство, Димитар Митровски во 88. минута не искористи најстрога казна за нашата репрезентација.
Нашите надежи одиграа одличен натпревар и беа на прагот да освојат бод против европскиот првак и лидер во групата. Шпанија сега е сигурен лидер со 16 бода, пред Израел со 8 и Македонија со 7 бода.
Можеби ќе ве интересира: